Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Велигден ни носи рано – летни температури на воздухот!

Meteoalarm.mk 59 2.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој празничен викенд времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Денес (Велика сабота 19 април) особено во Повардарието, повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец. Утре пак (Велигден 20 април) ќе биде претежно тивко, или со сосема слаб ветер од променлив правец.


И во Скопскиот регион за време на овој празничен викенд ќе имаме слично време како и во останатите предели од нашата Македонија, односно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Денес (Велика сабота 19 април) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Што се однсесува до температурите, тие речиси ќе бидат рано – летни и речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат  и до околу 25 степени, додека во Повардарието тие се очекува да се искачат  и до близу 30 степени.

Нека ни е за многу години најголемиот Христијански празник Воскресение Христово (Велигден), и секако уживајте  и искористете го максимално преубавото стабилно, суво и претежно сончево време со рано – летни температури на воздухот.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана