Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

20250412130301 big 730x400 53.webp.webp

Интегрален текст од прес-конференција на Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ:

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка.


Венко Филипче додека беше министер за здравство ја постави Ирина Пановска за директорка на Хематологија, а таа пак даваше милионски тендери секоја година на веледрогеријата Др. Пановски, сопственост на нејзиниот татко.

Венко Филипче даваше милиони кон Др. Пановски и преку други здравствени установи.

Системот на Венко Филипче е давање тендери на негови блиски фирми, и тендери преку непотизам.

Венко Филипче се бори за власт, за нови тендери и за нови тендерски шеми.

Системот на Венко Филипче го урниса здравството.

Фактичката состојба во здравството денес, во поглед на недостатоци и проблематики е последица на тендер шемите на Филипче и СДС.

Венко Филипче нема кредибилитет, тој треба веднаш да си даде оставка.

Можете да прочитате

Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд