Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: СДСМ бара тотална, неселектвина правда за Кочани

Sasha 1 sdsm 1.jpg

Генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ во емисијата Трилинг истакна СДСМ како и граѓаните бара неселективна правда за трагедијата во Кочани.

-Ние бараме тотално неселективна правда за Кочани. Поддржуваме отворање и на сите други случаи што се во интерес на јавноста. Треба сите да се обединиме без партиски препукувања, порача генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ во емисијата Трилинг.


Средбата меѓу претседателот на СДСМ Филипче и премиерот Мицкоски произлезе како јасен сигнал од граѓанството, додаде Димитријевиќ.

-Граѓаните сакаат, очекуваат да видат сериозни реформи во сите сегменти во државата после трагедијата во Кочани. За жал се отвори една сериозна тема за нефункционалниот систем и лидерската средба, којашто ја побара претседателот Филипче беше резултат на слушање на гласот на граѓаните, дека треба да се седне на една маса и да се постават цели, еден правец по којшто ќе се движи државата. Тоа во одреден момент се реформи, во одреден момент болни резови коишто треба да ги направиме, но сите сме свесни дека тоа мора да го направиме се со цел системот да профункционира. рече Димитријевиќ.

Тој додаде дека тука не станува збор за некакво политичко пазарење, ниту за било што во тој правец, граѓаните очекуваат реформи во сите сегменти.

Можете да прочитате

Николоски по средбите во Дубаи и Шарџа: Очекуваме сериозни инвестиции во туризмот, инфраструктурата, земјоделието и недвижностите

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија

За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!