Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа

Img 5223.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати на панел-дискусијата „Регионална одговорност за просперитетна иднина на Балканот”, во рамките на 4. издание на Анталија Дипломатскиот Форум, кој се одржува во Анталија, Република Турција.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна интеграцијата во Европската Унија како стратешка цел на државата, а унапредувањето на регионалната соработка како клучен приоритет на македонската надворешна политика. Тој порача дека Западен Балкан не е проблем што треба да се менаџира, туку регион подготвен за напредок – не периферија, туку суштински дел од европската сегашност и иднина.


Муцунски ја нагласи потребата од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија, како и значењето на регионалната политичка, економска и безбедносна одговорност. Во тој контекст, се осврна и на трагедијата во Кочани, посочувајќи ја како пример за важноста на блискоста со соседите и силата на солидарноста.

Министерот посебно го нагласи значењето на вложувањето во човечкиот капитал, јакнењето на конкурентноста на приватниот сектор и промоцијата на регионалните вредносни синџири како предуслов за одржлив раст. Само со ваков пристап, рече тој, можеме да спречиме одлив на млади, да поттикнеме циркулација на знаење и да изградиме долгорочна економија заснована на иновации и знаење.

Муцунски ја подвлече и улогата на Соединетите Американски Држави како значаен партнер кој обезбедува поддршка не само за безбедноста и политичката стабилност, туку и за економскиот развој на регионот.

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство