Утрински Весник
Скопје

Отворени шахти во Аеродром алармираа граѓани – ЦУК побара итна интервенција

Sahti.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По пријава од граѓани преку социјалните мрежи, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, реагираше за две отворени шахти во општина Аеродром – едната лоцирана спроти трговскиот центар „Скопјанка“, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, пред зградата број 28, во близина на „Спортлајф“.

ЦУК итно ја извести ЈП „Водовод и канализација“, од каде доби повратна информација дека двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околината.


Со оглед дека се работи за локации со голема фреквенција на пешаци, велосипедисти и електрични тротинети, ЦУК побара од општина Аеродром итно да се преземат мерки за нивно одбележување и обезбедување.

Од општината информираа дека ќе бидат поставени ленти и физички пречки со цел предупредување и заштита на граѓаните до целосно санирање на шахтите.

Можете да прочитате

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа

Станари во зграда во Кисела Вода се жалат дека се гушат во мирис на марихуана