Утрински Весник
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница

Poseben Rezim.jpg

На граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ утре во 11.00 часот ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај во периодот од 10.30 до 12.00 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.


СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Митрополит Агатангел: Велигден е можност и за наше лично воскресение

Полициска акација во Арачиново: Бројни екипи на терен

За Велигден сите во Грција – огромни гужви на граница