Утрински Весник
Македонија

Обвинение и за таткото на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова

Protestfrosina.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обвинителството поднесе обвинение и за таткото на Васил Јованов кој ја усмрти 19-годишната Фросина Кулакова, прегазувајќи ја на 29 јануари, на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Обвинението за таткото е за предизвикување општа опасност.


„Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.

Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, велат од Обвинителството.

Можете да прочитате

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла