Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III” во Софија

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија по повод учеството на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III” во Софија. Посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите”.


За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Во рамки на престојот во Софија претседателката ќе ја посети и болницата „Пирогов” каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со САД во областа на јавните финансии не е административна соработка, туку долгорочна инвестиција

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години