Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба Процес Балкан III” во Софија

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија по повод учеството на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III” во Софија. Посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите”.


За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Во рамки на престојот во Софија претседателката ќе ја посети и болницата „Пирогов” каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.

Можете да прочитате

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи

ДУИ: Повик на институциите да го почитуваат законот и Уставот, да го запрат јазичниот дискриминациски курс