Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река

20250402084945 Big 730x400 49 1.webp.webp

Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, сеуште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки.

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.


СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Водовод: Скопската вода безбедна за употреба

Задутре ново прскање против ларви од комарци во Скопје

Соседска дружба за пример: Цртан филм и маскота ги собраа семејствата во Џевахир во Аеродром