Утрински Весник
Македонија

Нови началници во полицијата во Штип и Кочани по трагедијата во „Пулс“

Policija.jpeg

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, именува нови шефови на полицијата во Штип и Кочани по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март, кога загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени. Бојан Величковски е назначен за нов началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, додека Игор Јаковлевски е назначен за началник на Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Кочани. Нов командир на Полициската станица (ПС) во Кочани е Горан Миленковски.

По трагедијата, министерот Тошковски на 18 март ги разреши седуммина полицајци од СВР Штип и ОВР Кочани, а на 19 март Обвинителството за организиран криминал и корупција започна истрага против нив. Тие се обвинети за дозволување на работата на објектот „Пулс“, кој не ги исполнувал законските услови за вршење угостителска дејност. Сите осомничени полицајци добија притвор од 30 дена.


Можете да прочитате

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон?