Утрински Весник
Македонија

Во сабота (15 март) најтопло до 30 степени, од вторник (18 март) снег и пад на температурите за повеќе од 20 степени!

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

Територијата на нашата Република Македонија и понатаму се наоѓа под влијание на невообичаено топла воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ. Оваа топла воздушна маса својот максимум ќе го достигне во сабота (15 март) кога температурите ќе бидат највисоки. Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

Што се однесува до температурите, тие во сабота на 15 март насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, додека во Повардарието тие се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.


Во Скопје во сабота на 15 март кога ќе биде најтопло температурата ќе се искачи до близу 30 степени.

Од вторник пак (18 март) зимата на Балканот и во нашата Македонија се враќа на голема врата, проследено со силен северен ветер, силен пад на температурите ( и за повеќе од 20 степени) и со повремени врнежи од снег на повеќе места, снег со овој многу ладен продор од север ќе има и во градовите.

Можете да прочитате

ЕСМ: Пустошот што го остави СДСМ во РЕК Битола не е можно да се надмине преку ноќ

Градоначалник ќе може да се отповика на референдум во втората и во третата година од мандатот

Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop” систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона