Утрински Весник
Македонија

Панел дискусија „Трансформативната моќ на социјалните работнички“

20250306163535 Big 730x400 22.webp.webp

Во просториите на Центарот за социјални претпријатија (зад спомен куќата на Мајка Тереза) денеска ќе се одржи панел дискусија насловена „Трансформативната моќ на социјалните работнички“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN WOMEN.

На панел дискусијата ќе се обратат министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимaни и  раководителката на UN Women, Весна Ивановиќ-Кастаред.


Како што соопшти Министерството, по настанот во Центарот за социјални претпријатија, следи посета на Базар за социјален импакт и економско зајакнување на жените во Ист Гејт.

Базарот е тридневен, односно ќе се одржува денеска, утре и задутре.

Можете да прочитате

Обиена станица за технички преглед во Чаир, украден ресивер од видео надзорот

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk