Утрински Весник
Свет

Романските власти приведоа шест лица обвинети за предавство и соработка со Русија

20250306100623 Big 730x400 23.webp.webp

Романските власти приведоа шест лица обвинети поради формирање организирана криминална група и предавство.

Според властите, тие формирале организација од воен тип и преговарале со руски агенти за повлекување на Романија од НАТО.


Романски медиуми јавија дека доказите во случајот покажале дека од 2023 година петмината обвинети формирале организирана криминална група со цел да го нарушат суверенитетот и независноста на романската држава преку поткопување на политичкиот и одбранбен капацитет на земјата.

Од 2024 година, уште еден обвинет се приклучил на организираната криминална група, при што сите членови спроведуваат континуирани, свесни, јавни или конспиративни дејствија насочени кон постигнување на предложената цел, се вели во соопштението на обвинителот на Управата за истрага на организиран криминал и тероризам.

Можете да прочитате

Силен разорен земјотрес го погоди Чиле

Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија

Трамп планира депортација на 240.000 Украинци?