Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Со министерот Наги ќе го реобновиме Меморандумот за соработка, одлична можност за промоција на македонските земјоделски производи

Cvetan Tripunovski 05.03.2025.jpg

„Во Будимпешта имавме исклучително важна и продуктивна средба со мојот колега, министерот за земјоделство и рурален развој, Иштван Наги. Разговаравме за предизвиците со кои што се соочуваме како министри во делот на земјоделството, пред се за климатските промени”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Тема на денот” на Сител телевизија.

„Она што е важно и што сакам да го истакнам е дека договоривме поблиска соработка помеѓу двете Министерства, ќе го реобновиме Меморандумот за соработка. Во Меморандумот ќе ги дефинираме приоритетите на соработка помеѓу двете Министерства”, појасни министерот.


Министерот Трипуновски додаде дека соработката со Унгарија ќе се прошири и во делот на науката.

„Ова сето ќе го заокружиме на првата официјална посета која што ќе ја направи мојот колега во месец мај”, посочи министерот.

Тој посочи дека преку оваа соработка ќе може да се промовираат и пласираат македонските производи на унгарскиот пазар.

„На добар пат сме да покажеме дека преку блиска соработка, одлична комуникација може да се постигнат врвни достигнувања во делот на земјоделството”, истакна министерот Трипуновски.

Можете да прочитате

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен