Утрински Весник
Македонија

Дали се „исплати“ да се вози без возачка? Еве што вели законот

Soobrakaen Rezim.jpg

Министерството за внатрешни работи секојдневно информира за казнети возачи.

Покрај прекршоците за минување на црвено, брзо возење, минување на црвено, чести се казните за возење без возачка дозвола.


На пример, само вчера 68 лица биле казнети за возење без возачка дозвола, а во минатиот месец тој број изнесувал над 1.200 возачи.

МВР не прецизира колку од тие без возачка дозвола возеле без положен возачки испит, колку со истечена или заборавена, а колку со заборавена возачка дозвола.

Но Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидени се само парични глоби за непоседување на возачка дозвола без разлика поради која причина.

Оние кои возат, а воопшто не положиле за возачка дозвола ќе платат 250 евра во денарска противвредност иако Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата вели дека „Со моторно возило или со возило на моторен погон во сообраќајот на патот самостојно може да управува само лице кое има важечка возачка дозвола издадена во Република Македонија, странска возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола, во која е впишана категоријата во која припаѓа моторното возило.“

Законот предвидува „кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка и истите е должен да ги покаже на барање на полициски службеник“.

Во ставот (16) од истиот член од Законот е предвидена глоба за учесниците во сообраќајот кои управуваат моторни возила, а за време на упавувањето кај себе ја немат односно не ја носат возачката дозвола и тоа, „прекршочен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член“.

Доколку пак, поради претходен прекршок возачката дозвола му е одземена на возачот, а тој сепак е сопрен од полицаец додека вози, „во член 342 од истиот закон е регулирано управувањето на возило за време на запишана прекршочна снакција забрана за управување со моторно возило, се вели дека возачот „не смее во сообраќајот на пат да управува со моторно возило за време на траењето на забраната, односно за времето за кое возачката дозвола му е одземена’.

Во ставот (4) од истиот член е предвидена глоба за учесниците во сообраќајот кои управуваат моторни возила за време на запишана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило и тоа, „глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член“.

Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило од шест месеци до една година, под услови и постапка утврдени со закон.

Имајќи ги предвид ваквите казнени одредби, ако некој вози без положен возачки испит ќе плати казна од 250 евра, додека целиот процес на полагање за возачка чини од 500 а во зависност од бројот на „паѓања“ и дополнителни часови, може да стигне и до 1.000 евра.

Оттаму на многумина очигледно поисплатливо им е да платат казна отколку да полагаат возачки испит, а логично се поставува прашањето дали треба да се сменаи казнената политика за оние кои возат без положен возачки испит.

Можете да прочитате

НА БАЛКАНОТ МУ ПРЕТСТОИ ВРЕМЕНСКА АНОМАЛИЈА: Температурите ќе скокнат до дури 25 степени!

Неопходно е доуредување во областа на платеното политичко рекламирање во онлајн медиумите

Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација