Утрински Весник
Свет

Трамп привремено ја прекинува воената помош за Украина

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа.

„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел. Ја прекинуваме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“, рече изворот. Истата изјава беше цитирана од сите други медиуми кои ја пренесоа информацијата, вклучително и украинската агенција Укринформ, која се повикува на Блумберг.


Кабинетот на Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар.

Фокс њуз цитираше друг американски функционер кој нагласи дека ова е пауза, а не трајно запирање на помошта.

Трамп вчера повторно рече дека Зеленски треба да биде поблагодарен за американската поддршка, откако претходно луто реагираше на написот на Асошиејтед прес во кој Зеленски беше цитиран како вели дека крајот на војната е „многу, многу далеку“.

„Ова е најлошата изјава што можеше да ја даде Зеленски, а Америка нема да ја толерира уште долго!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. 

Можете да прочитате

Еврокомисијата предлага Фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната 

Кина пронајде извори на енергија доволни за 60.000 години

Арапските лидери се состанаа во Каиро за да разговараат за обновата на Појасот Газа