Утрински Весник
Свет

Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН

Mask.jpeg

Директорот на американското Одделението за владина ефикасност (ДОГЕ), Илон Маск го поддржа барањето на неколку републикански сенатори – САД да се повлечат од НАТО и од Обединетите нации.

– Се согласувам. Време е да се напуштат НАТО и ОН, истакна Маск.


Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да останат во НАТО доколку другите членки не придонесат повеќе за Алијансата. Ако ги платат сметките, ние сигурно ќе ја задржиме улогата на Америка во Алијансата, изјави Трамп.

Пред неколку дена американските сенатори од Републиканската партија, меѓу кои и Мајк Ли, поднесоа предлог-закон за целосно повлекување на САД од ОН. Ли подолг период го критикува НАТО, истакнувајќи оти Алијансата е „одлична зделка за Европа“, но „суров договор за Америка“. Според него се користат американските ресурси за одбрана на Европа, а малку се прави за заштита на САД.

Можете да прочитате

Трговска војна во Северна Америка: Трамп воведе царини, Канада и Мексико најавуваат одговор

Кина вели дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се одбрани од новото зголемување на американските тарифи

Украинската Рада оцени дека мировните напори на Трамп се „клучни“