
Пишува: професор Иван Анастасовски
Факт е тоа дека секој еден од нас е одговорен за тоа како се однесува во животот со кое повдение настапува а тоа особено се рефлектира во јавниот живот на поединецот. Секој од нас си има свои мани но и свои предности кои не красат или гнасат како личност и со тоа мора да се носиме. Но сепак едно е приватниот живот и приватни лични перформански, лични карактеристики дали сме убави-ружни, дебели-слаби, високи-ниски, итн., тоа ни е биолошкиот аспект и од тоа нема бегање тоа сме ние луѓето и тоа е нашата реалност за секого. Но тоа не е толку значајно се додека поедниците не зачекорат во јавниот живот во кој спаѓа политиката како сегмент, е тука веќе секој еден кој е во политичката арена ризикува да биде на критики на јавноста без оглед дали луѓево ве познаваат, ги знаат вашите предности и вашите мани, за нив тоа не е важно и тоа се оди по страна, оти тука останува само фактот дека луѓето ќе ве коментираат, ќе ве критикуваат, ќе ве етикетираат поради фактот дека вашата работа е јавна, впечатлива и достапна до секој да моѓе да остави свој коментар за сработеното на секој јавен функционер.
Но сега тука имаме друг проблем, а тоа е дека јавниот функционер кој е избран директно од народот на непосредни парламентани или локални (не се владини) избори оти нашата држава е парламентарна демократија а тоа значи дека Собранието е тоа кое ги диктира политичките процеси а владите се само извршители на тие политики и затоа министерите се бидаат токму од тие пратеници во Собранието. Но за жал повторувам за жал не е така, но оставам простор дека првиот парламентарен состав имал сериозен политички авторитет да му покаже на Владата кај и е местото оти овде аргументот е дека пратениците од првиот парламентарен состав се бирани по изборни единици на местото на живеење и тоа во два изборни круга каде мораше да се избориш да влезеш во вториот круг. Она што беше исто така значајно за тие избори е дека во составот на првиот плурален парламент, од вкупно кандидирани 43, влегоа тројца независни пратеници, во прицип тој парламентарен состав без оглед кој од која партија беше избран беа вистински претставници со силен легитимитет на народот. И не случајно се говори дека првиот парламентарен состав беше слободен. Од 2002 година кога за жал се промени системот од мнозински во пропорционален модел со шест изборни едници каде пратеникот мора да оди пред се на таа партиска листа со што станува заложник на партијата наспорти вољата на народот кој сакал или гласа за партијата а не за својот фаворит кој впочем може да биде 20ти на листата.
Што ми поентава со ова, денес на избирачите им е ускратено правото да го поддржат својот кандидат/кандидатка кого/која ја познаваат и во кого/која имаат доверба како личност оти и да го дадат условно гласот за таа партија можно е тој/таа да не влезат во Собранието токму поради моделот и реално пратеникот тогаш пред се е партиски а не народен. Но она што е впечатливо со години наназад е тоа дека доминација на тие што се избраните од пратениците а тоа се министрите секогаш се ставале во позиција над пратениците и при тоа си дозволувале секаков луксуз во однос на поведениот лично кон пратеникот/пратеничката оти нивната сила како министер се базира на близната со лидерот на партијата, а во транзициони држави лидерот е се, тој е императив (се додека е на власт како премиер нормално).Затоа и самите лидери би требало да ги вразумат своите министри оти тие се неговиот избор за тим со кој треба да ги спроведува политиките на партијата кои да не заборавиме мораат да бидат верификувани од Собарнието т.е. токму од тие пратеници. Во таа комоција која ја имаат министрите а се сеќаваме дека министрите од ДУИ дури не одговораа пред премиерот туку пред лидерот на партијата, што отвори нова димензија во колациони односи кај нас, но да се вратам министрите одговраат кај премиерот кој воедно секогаш е лидер на партијата.
Па да повторам дека таа комоција и слобода ги прави надмоќни над пратениците и со тоа мнгу пати до сега демонстирале сила кога идат во Собранието. Да не заборавиме тоа дека политиката е вештина на аргументи кои треба да ги соочиме со политичкиот опонент, и затоа многу пати кога нема на министерот да му одговаат одредни агрументи тие доминантно и надмоќно се впуштаат во вербални навреди кон пратениците, не велам дека нема и обратни рекации кога и самите пратеници користат жаргон како за на улица а не за во Собрание и при тоа зло/употебувајќи ја говорницата за да испратат навреди кон самите министри па дури и кон Премиерот.
Навредувањето кај нас полека станува дисциплина (не спортска) со која сакаме да го потиснеме, омаловажиме и посрамотиме политичкиот опоненет со цел да се додвориме на нашиот лидер и на нашите избирачи кои очекуваат да видат крв наспорти сериозни аргументи. Но конечно, сите ние сме луѓе од крв и месо имаме свои лоши и добри страни имаме емоции и кога тие ќе ни бидат повредени од страна на некој друг секој од нас да не се лажеме му доаѓа да експлодира, да нападне, да навреди се со цел да се заштити себеси, и тоа е сето врежано кај нас како живо битие само некои посилно некои послабо го контролираме тоа и затоа така не/реагираме.
Последната рекација на Министерката за финансии нека биде пример како не треба повеќе, и затоа во најмала рака доблесно е да се извини и да покажеме ниво на сериозна политичка култура пред се поради фактот дека тоа се јавни личности задолжени од народот да му служат за негово добро. Да повторам сите имаме свои слаби моменти во животот но за жал кога се на јавна сцена тие се видливи и се мерливи пред се кај нашите избирачи. И она што веројтно многу тешко може да се искорени кај нас на нашата политичката сцена е спинувањето, ширење лаги и дезинфомации за полтичкиот (противник) опонент без оглед дали со тоа му наштетувате на неговата личност а при тоа сакате да постигнете позитивен ефект кај својот електорат, каде за жал електоратот повеќе сака да слуша навреди и омаловажувања за да си задоволи суета отколу факти и аргументи кои впрочем не му значи ништо.
Е токму тоа однесување претставува гола политика борба за власт и ништо друго. Сепак важно е да се задржи нивото на политичката култура.