Утрински Весник
Свет

Платена кауција од 2,7 милиони евра за поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак

20260518112418 big 730x400 50.webp.webp

За поранешниот шеф на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, платена е кауција од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд, соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на судот.

– Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е пуштен на слобода по уплатата на целосната кауција – изјави таа. Кауцијата од 140 милиони гривни одговара на износ од околу 2,7 милиони евра.


Јермак е осомничен во рамките на истрагата за наводно перење пари поврзано со изградбата на станбениот комплекс „Династија“ во близина на Киев. Според наводите на обвинителството, случајот се однесува на можни незаконски финансиски текови и злоупотреби во рамките на организирана група.

Тој беше уапсен откако на 11 мај украинското Специјализирано обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното антикорупциско биро (НАБУ) го обвинија за кривично дело перење пари во особено големи размери, за кое законот предвидува казна затвор од осум до 12 години.

Можете да прочитате

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации

Трамп: Времето за Иран истекува

Силен земјотрес во Кина, има загинати и повредени