Утрински Весник
Свет

Песков: Не очекуваме брзи и лесни одлуки на состанокот на руската и американската делегација

Peskov.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не се очекуваат брзи одлуки на состанокот на делегациите на Русија и Соединетите Американски Држави во Истанбул и изрази надеж дека земјите ќе поминат низ работниот процес доколку ја задржат политичката волја и подготвеноста да се слушаат едни со други.

„Никој не очекува одлуките да бидат брзи и лесни, проблемот на нашата агенда е премногу сложен и запоставен“, рече Песков, пренесува РИА.


Тој рече дека нема потреба да се брза со исходот од средбата.

„Постојат фундаментални договори кои се постигнати во Ријад за ова прашање. На експертско ниво, денеска е состанокot во Истанбул, нашите дипломати работат на развивање на разбирањето што беше постигнато за време на телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели (САД, Доналд Трамп и рускиот, Владимир Путин) и договорите што беа постигнати во Ријад меѓу високите делегации“, рече тој.

Oцени дека Трамп покажува подготвеност да ги слуша другите, за разлика од претходниот американски претседател Џозеф Бајден.

„Москва го гледа тоа. Ова е суштинската разлика меѓу оваа и претходната администрација во Вашингтон“, рече Песков.

Тој посочи дека Русија и САД имаат широк терен за потенцијална соработка, но дека се уште нема конкретни преговори.

Зборувајќи за царините што САД имаат намера да ги воведат во Европската унија, Песков рече дека тие не можат да имаат влијание врз Русија.

„Имаме мала трговија со САД, би рекол, најмала можна, така што никакви царини не можат директно да влијаат на нас“, рече Песков.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп