Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Вашингтон: Македонија останува посветена на националните интереси и евроатлантската интеграција

Img 3628.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон, каде што разговараше со претседателот и извршен директор на Советот, Фредерик Кемпе. На средбата се дискутираше за актуелните геополитички предизвици, улогата на Македонија во евроатлантските интеграции и можностите за продлабочување на соработката во иднина.

Во своето обраќање, Мицкоски зборуваше и за иднината на трансатлантските односи, состојбите на Западен Балкан, како и за односите на Македонија со соседните држави, особено со Грција и Бугарија, во контекст на пристапувањето кон Европската Унија.


„Во разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди“, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје