Утрински Весник
Македонија

Следува целосно разведрување на времето, а ќе биде и исклучително ладно, до, па и под -15 степени!

Xx Model En 355 0 Modez 2025021812 37 954 1 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните  и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.


Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите  и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.

И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат