Утрински Весник
Македонија

Потпишување договор за донација на уреди за прочистување на воздухот во вредност од милион евра

20250218191819 Big 730x400 47.webp.webp

Договор за донација на 305 уреди за прочистување на воздухот во вредност од еден милион евра ќе биде потпишан денеска во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија со компанијата ЕКОТИП Македонија.

Како што соопштија од владината прес-служба, по потпишување на договорот, прес-конференција во Медија центарот на Владата ќе одржи портпаролката Марија Митева.


Компанијата ЕКОТИП Македонија е лидер во областа на филтрација на воздухот, која во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од овој реномиран германски производител за прочистување на воздухот во вредност од милион евра.

Се планира овие уреди да бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење, стои во соопштението. 

Можете да прочитате

Ордановски: Мицкоски брка луѓе на Трамп по ходници за да се слика со нив, а со претседателот на САД нема никакви релации

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

УК за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор