Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова контра ДУИ: Ја честитав независноста на Косово

Davkova.webp.webp

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.

Согласно дипломатската пракса, претседателката Сиљановска-Давкова на 17 февруари 2025 година, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, упати писмо-честитка до нејзиниот хомолог, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.


За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Потврда дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада.

Во интерес на објективното јавно информирање, а со цел да не дозволиме граѓаните да бидат манипулирани, во прилог го доставуваме интегралниот текст на писмото-честитка упатено по повод Денот на независноста на Република Косово.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат