Утрински Весник
Македонија

Коцевски: Javноста ќе цени дали ќе бидам разрешен законски или незаконски

Javen Obvinitel Ljupco Kocevski.jpeg

Доколку се утврди дека сум сторил тешка дисциплинска постапка, јас ќе го прифатам тоа и нека ме разрешат, но доколку не се исполнети условите од Законот за јавно обвинителство, јавноста ќе цени дали сум разрешен законски или незаконски.

Ова го изјави републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на првото појавување во јавноста откако за него владата почна постапка за разрешување.-Одлуката ја оставам на политичарите, јас строго сум работел и сè уште ќе работам согласно Законот. Ако се исполнети условите според законот за ЈО, ќе го прифатам тоа и нека ме разрешат. Но доколку не се исполнети условите согласно Законот за јавно обвинителство, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит или незаконит начин – рече Коцевски.


Тој ќе го чека целосниот текст на предлогот на Владата, но од она што го видел во јавноста, нема наведено тешка дисциплинска повреда.

– Доколку се исполнети условите согласно Законот за ЈО, јас ќе си ја преземам одговорноста и доколку се утврди дека се работи за тешка дисциплинска повреда како што е во законот, јас навистина ќе се повлечам

доколку јас ценам од она што ќе го добијам, предлогот, иницијативата. Од она што го слушнав во јавноста, можам да коментирам дека тука нема никаква дисциплинска тешка повреда – рече Коцевски.

Можете да прочитате

Реномирано меѓународно жири ќе одлучува за наградите од официјалната селекција на филмскиот фестивал „Преку езерото“

Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО