Утрински Весник
Свет

Авионска несреќа на аеродромот Пирсон во Торонто, осум повредени

Img 3464.jpeg

Авионска несреќа денеска на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто предизвика брза реакција од страна на службите за итни случаи и полицијата, објави CTV News. Инцидентот се случил со авион на „Делта ерлајнс“ кој пристигнал од Минеаполис, а аеродромот Пирсон потврди дека екипите за итни случаи веднаш реагирале. Според канадскиот портал CP24, осум лица биле повредени во несреќата, но подробности за настанот сè уште не се познати. Аеродромот извести дека се води сметка за сите патници и членови на екипажот. Претставниците на „Делта ерлајнс“ не дале коментар за настанот.

Можете да прочитате

Иран нападна цели во соседните земји

Кошта: Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ

Педесет лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја