Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Javen Obvinitel Ljupco Kocevski.jpeg

Интегрален текст од соопштение на јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.


Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.

Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.

На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.

Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.

Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија.

Можете да прочитате

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор

Маж се обидел со фалсификат диплома да поднесе документи за возачка дозвола

Жителите на Старо Нагоричане вознемирени по убиството на повозрасната жена