Утрински Весник
Скопје

Протестен марш „Кој е следен“

20250215172813 Big 730x400 59.webp.webp

Со почетна локација пред Универзалната сала во Скопје денеска во 16:30 часот, граѓанската иницијатива „Кој е следен” организира протестен марш „Не само како поединци, туку како заедница“. 

– Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин! Системот што треба да нè заштити потфрла, затајува и секојдневно ни ја докажува својата нефункционалност – онаа што ни ги крати животите. Премногу долго чекавме некој друг да ги подобри работите, да направи вистински промени, да ни обезбеди квалитет на живот каков што заслужуваме. Време е сами да ги побараме! Време е да ги потсетиме надлежните кому служат и зошто се на своите функции!, се вели во соопштението од „Кој е следен“.


По одржаните јавни форуми, со вашата поддршка и стручната јавност, се додава во соопштението, подготвивме конкретни мерки и барања до институциите, кои ќе овозможат поправеден, пофункционален и побезбеден систем за сите нас. 

Приоритетни барања на протестот, како што е најавено, ќе бидат, безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.

– Истакнувањето на барања е политички акт, но тоа не значи дека некоја партија треба да го преземе и да манипулира со граѓанската борба! Секој оној што се обидува да го поткопа протестот со теории на заговор дека е платен од некого, нека знае: за протест пари не се потребни. За хамер и фломастери за плакатите – имаме. Секој изгубен живот е нов потсетник дека не смееме да молчиме! Не смееме да тонеме во апатија, чувствувајќи се немоќни да направиме промена. Заедно можеме да смениме сè! Дојди и приклучи се!, порачуваат од иницијативата „Кој е следен”.

Можете да прочитате

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија

Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

„Скопје 2028“ ќе потроши 21 милион евра – парите ќе се трошат „во четири очи“, без јавни набавки