Утрински Весник
Македонија

Меџити: Опозицијата без идеја и платформа, се занимава само со клевети

Medziti.jpg

Заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, ги коментираше критиките на опозицијата упатени кон Владата.

Тој изјави дека во недостаток на идеи, платформа и програма, од актуелната опозиција не може да се очекува ништо друго освен да одржуваат прес-конференции и да обвинуваат за ситуацијата што самите ја оставиле.


-Ја наследивме состојбата во институциите како што се Одбраната, Културата или половичните закони за правична застапеност и употреба на јазикот. Со полу-вистини се обидуваат да го измамат електоратот за да не им избега. Прво рекоа дека ќе се вратат за еден месец, потоа за три, шест, а сега велат дека ќе има предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Бидејќи ВЛЕН е над Европскиот фронт, на локалните избори разликата ќе биде уште поголема. Ова го гледам само како магла на Европскиот фронт за да не им се растури членството, истакна Меџити за Алсат М.

Како што рече Меџити, со структурирањето на ЛД, но и на другите субјекти на ВЛЕН, секојдневно се случува распаѓање внатре во ДУИ, а искреното членство кое не е компромитирано се приклучува кон ЛД и ВЛЕН. Според него, тоа предизвикува ДУИ да не се чувствува комфорно и надежите ги бара на друго место.

„Не гледам никаква причина да има предвремени парламентарни избори“, заклучи Меџити.

Можете да прочитате

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија