Утрински Весник
Македонија

Едно лице убиено, едно повредено во престрелка во Скопје

Policija Noke.jpg

Синоќа во скопската населба Топанско Поле се случи престрелка во која едно лице го загуби животот, а едно е повредено. Според првичните информации, жртвите се мажи на возраст од 35 години.

Според изворите на Канал 5, инцидентот се случил доцна во ноќта, а на местото на настанот веднаш биле испратени полициски екипи и екипи на Итната медицинска помош. Од градската болница „Свети Наум Охридски“ за медиумите потврдија дека едниот од инволвираните бил донесен без знаци на живот, додека повреденото лице се наоѓа во стабилна состојба и е под лекарски надзор.


Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за тоа како дошло до пукањето, ниту кои се можните мотиви зад оваа крвава пресметка. Неофицијално, се истражува дали станува збор за пресметка поврзана со криминални активности или за личен конфликт што ескалирал во вооружен напад.

Полициската истрага е во тек, а се очекува во текот на денот МВР да излезе со повеќе детали за ова трагично случување.

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци