Утрински Весник
Македонија

Студено утро, меѓутоа, снег ќе има во западна и југозападна Македонија!

Tnint Gr 2 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешното утро во Македонија повторно донесе многу ладно време, со температури на воздухот кои насекаде се спуштија под нулата. Меѓутоа, од запад полека облачноста се зголемува.


На метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните минимални утрински температури измерени во Македонија. Може да се види дека најладно утрово до 7 часот беше во Берово, со измерена температура од -10 степени.

Снежната покривка на Скијачките центри изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово. Во следните часови, како и утре (среда 12 февруари) особено во западните, а најмногу во југозападните предели ќе има локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во дел од градовите врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Снежната покривка на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри ќе се зголеми. Истата ќе се прошири и во повисоките населени места, а мала снежна покривка можно е да се формира и  во дел од градовите во западна  и во југозападна Македонија.

Можете да прочитате

Катастрофален ревизорски извештај за Агенцијата за вработување – Местени тендери, исплати без докази и фаворизирање

МВР со кривична против полицаец кој пукал на семејна веселба

Серискиот убиец од Куманово, убивал за да ги задоволи половите страсти врз мртвите тела