Утрински Весник
Македонија

Јубилејно издание на Абецедарот – Буквар за македонските деца во Грција

20250210091411 Big 730x400 50.webp.webp

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат јубилејно издание на Абецедарот -Буквар за македонските деца во Грција, објавен во 1925  години во Атина. Ова дело е драгоцен документ за македонската лингвистичка наука, а уште повеќе за македонската историографија, наведува издавачот.

Абцедарот е печатен на хрватска латиница на леринско-битолско наречје. Всушност тој  е првиот документ пишуван по Речникот на Џанели од 16. век и Даниловиот четиријазичник од 19. век, пишуван на македонски  народен јазик.


Грчкиот публицист и специјалист за балканските прашања, Никос Зарифис, излегувањето од печат на Букварот го оценува како вонреден настан  во животот на малцинствата во Грција. Во весникот „Елфтерон Вима“ од 19 октомври 1925 година, пишува: „Имаме веќе готов буквар  за словеногласните, за што грижливо се погрижија и добросовесно работеа специјалистите Г. Г. Папазахариу Сајакис и Лазару. Тоа е дело кое наспроти тешкотиите за неговото составување, претставува прирачник за употреба…“

-Абецедарот  бил испратен во некои околии од Западна Егејска Македонија (Костурска, Леринска и Воденска) и соодветните училишта преземале мерки за учење на македонските деца до четврто одделени на македонски јазик. Меѓутоа, грчките влади никогаш искрено не пристапуваа кон решавање на прашањето на Македонците и нивните национални права  во Грција. Абецедарот е едно силно сведоштво, не само за постоењето на многубројното македонско национално малцинство во Грција, туку и за фактот дека Грција била принудена од Друштвото на народите да преземе одредени задолженија за задоволување на правата на македонското малцинство, наведува издавачот „Матица македонска“.

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци