Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Со акцијата на Кале го расчистивме сметот, дезинфициравме и поставивме нови канти

Kale 4.jpeg

 Општина Центар информира дека комплетно е исчистено едно од маалата во населбата Кале коешто пред една недела беше претрупано со смет, оставено само со една канта за отпадоци и неисчистено од страна на ЈП „Комунална хигиена”. 

„Нашите општински служби интензивно работат на терен подобрувајќи ја хигиената на територија на Центар. На Кале, го исчистивме сметот, направивме дезинфекција, откако утврдивме дека има една канта поставивме повеќе канти за отпад и ги искречивме ѕидовите кадешто е позиционирана урбаната опрема за децата. Сега, ова маало има поубав и нов лик. Во текот на вчерашниот ден спроведовме голема акција за чистење, кадешто се подигнуваше сметот, се миеја улиците и се чистеа клупите на шест локации во централното градско подрачје. Со акцијата создаваме попријатен простор за живеење”, порачува Герасимовски.   


Можете да прочитате

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство