Утрински Весник
Економија

СДСМ: Странските инвеститори си одат од земјава, „Аптив” заминува од Бунарџик

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Странските инвеститори си одат од земјава, се губат работи места. 


Последните инфорамции говорат дека компанијата „Аптив”, која со години функционираше во индустриската зона Бунарџик и вработуваше околу 500 лица, ја затвора својата фабрика во Бунарџик. 

Производствените капацитети се преселуваат во други земји, оставајќи стотици македонски граѓани без работа и егзистенција. 

Дополнително, компанијата „Џонсон Мети”, која исто така има долгогодишно присуство во Бунарџик, најавува намалување на бројот на работни позиции. 

Ова е јасен показател за лошата бизнис-клима, лошите економски политики, недостатокот на јасна стратегија и катастрофалното менаџирање со државата од страна на Власта.

Наместо Владата да обезбеди услови за стабилност и раст на економијата, таа дозволува вакви удари врз економијата, работниците и нивните семејства.

Податоците на статистика покажуваат загрижувачки тренд – извозот на земјава во периодот јануари-ноември 2024 година е намален за 5,9 проценти во споредба со истиот период во 2023 година. 

Ова не е случајност, туку директен резултат на неспособноста на власта на Мицкоски да се справи со економските предизвици.

Можете да прочитате

СДСМ: До 30 % повисоки сметки за струја, власта повторно удри по стандардот на граѓаните

Дура Aутомотив ја затвора фабриката во Македонија

Македонската економија пред нов удар: Заминува „Аптив“, „Џонсон Мети“ кратат работни места, берзата во пад