Утрински Весник
Свет

Трамп им нуди пари на државните службеници да дадат отказ

Tramp.webp.webp

Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека нуди стимулации за речиси сите федерални вработени да дадат отказ и предупреди на плановите за намалување на јавниот сектор.

Програмата за одложена оставка ќе им овозможи на федералните вработени да останат на платниот список до 30 септември, но не мора да работат, се вели во е-поштата испратена до федералните вработени, до која увид имал „Ројтерс“.


Федералните испратнини обично се ограничени на 25.000 американски долари. Вработените добија рок до 6 февруари да донесат одлука.

Во имејлот се наведува и дека администрацијата очекува поедноставна и пофлексибилна работна сила. Иако војската и некои агенции, најверојатно, ќе го зголемат бројот на својот персонал, повеќето агенции, најверојатно, ќе бидат намалени преку реструктуирање и отпуштања.

Претседателот на американската Федерација на владините службеници, Еверет Кели, рече дека предлогот не треба да се смета за доброволен. Помеѓу низата извршни наредби и антиработнички политики јасно е дека целта на администрацијата на Трамп е да ја претвори федералната влада во токсична средина, каде што вработените не може да останат дури и ако сакаат, рече тој.

Можете да прочитате

Децата во САД ја губат вештината за читање

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

Рубио вели дека Трамп е сериозен за купување на Гренланд