Утрински Весник
Економија

Популизам наместо мерки, ВМРО-ДПМНЕ ќе бојкотира маркети во петок

1729672351 Market.webp.webp

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ја поддржува граѓанската акција за бојкот на маркетите, закажан за петок 31.01.2025 година.

„Ова дивеење на маркетите мора да престане“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Но од палатата „Христо Татарчев“ како да заборавиле дека токму тие ја предводат Влада и институциите а токму нивна задача е да го спречат „дивеењето“ како што вели владејачката партија.

Со ваквиот став, ВМРО-ДПМНЕ меѓу редови признава дека досегашните мерки што Владата ги презеде не дале ефект, па наместо да предложи нови, партијата со очајнички потег го поддржува бојкотот.

Дополнително, можеби ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот, која од позиција на власт повикува на запирање на економската активност на населението.

Инаку, по примерот на Хрватска и Црна Гора, граѓани преку социјалните мрежи најавија дека во петок ќе ги бојкотираат маркетите поради високите цени на производите.

Претходно Владата предводена од Мицкоски како еден вид на мерки воведе есенска и новогодишна кошничка која наводно требаше да ги намали цените на одредени производи пред се на храната, но граѓаните од тоа не видоа никаков бенефит.

Можете да прочитате

Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година