Утрински Весник
Македонија

Клековски: Буџетот за Онклогија е зголемен, треба регистер на пациенти за содветно планирање и следење

Sasho Klekovski.jpg

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски вели дека од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) се информирани за недостигот на одреден број лекови, откако пациенти на Клиниката претходно денеска алармираа дека се соочуваат со недостиг од биолошка терапија, јавува МИА.

 Според информациите од Клиниката, тоа е поради несоодветното планирање во 2024 година, премин од 2024 во 2025 годинa и зголемен број на пациенти во декември. Фондот во 2024 година за УКРО одобри дополнителни пет милиони евра. Фондот работи на договор на зголемен буџет за 2025 година. И покрај напорите за зголемување на финансиите, УКРО треба да има јасни и транспарентни критериуми за вклучување на пациентите на посебните терапии. Треба да се воведе регистар на пациенти и други подобрувања за соодветно планирање и следење – подвлекува Клековски.

Дел од пациентите на Онкологија, во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.


– Клиниката за онкологија не е во можност да одговори на зголемувањето на бројот на пациентите со метастатски канцери и тоа е една од причините зошто се појави овој недостаток. Како втора причина и нешто што ние пациентите го гледаме како позитивен исход, а тоа е се продолжува животот на пациентите и затоа подолго период имаат потреба од оваа терапија. Иако минатата година со анекс се одобрија дополнителни сретства, очигледно и тие не беа доволни. Недостаток на терапија има од петокот, се обидува Онкологија да добие дополнително средства да се затвори оваа дупка до одобрување на новиот буџет вели Ана Марјановиќ, пациентка и дел од здружението „Хема-онко“.

Можете да прочитате

ДУИ: Срамен чин на манипулација со државни пари, обвинителството да реагира

До крајот на седмицата ќе имаме температурна инверзија: Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло!

Промоција на книгата „Милчо за Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека