Утрински Весник
Македонија

Kлучниот сведок Гоце се уште недостапен, одбиено е барањето на Палчо за изземање на судијата

Palco Sudenje2 1170x780 1.jpg

Одбиено е барањето на Љупчо Палевски-Палчо за изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, кој го води судскиот процес за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Ова на почетокот на денешното продолжение на судењето го соопшти судијата Стефановски читајќи го решението на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев.

Палевски, пред крајот на минатото рочиште на 20 декември лани, побара изземање на судијата Стефановски бидејќи, како што кажа, одбивал да даде наредба до СВР Велес за прибирање докази кои ѝ се потребни на одбраната на првообвинетиот за постапката.


Одлуката за неизземање на судијата, претседателот на Кривичен ја донел на 25 декември. Инаку, доколку беше прифатено барањето за изземање на судијата Стефановски, судскиот процес ќе требаше да започне од почеток.

Еден од клучните сведоци Гоце Трајковски, кој со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, воделе паралелна истрага по исчезнувањето на девојчето, и понатаму останува недостапен за органите на прогонот. Тој, како што информира судијата, не бил пронајден на неговата адреса од страна на полицијата.

Надоврзувајќи се на ваквата околност, обвинителката Жаклна Крстевска-Јосифовска, која го застапува обвинението, рече дека останува на ставот Трајковски да биде испитан пред судот и засега да не се чита неговата изјава дадена во Обвинителството во текот на истрагата.

„По однос на сведокот Гоце Трајковски, Обвинителството не го повлекува предлогот за негово испитување, бидејќи постои можност до крајот на постапката да стане достапен и да биде испитан за околности кои се значајни за оваа постапка”,рече обвинителката.

Инаку, Трајковски е во бегство откако беше осомничен за палење на угостителски објект во скопската населба Кисела Вода. Денешното рочиште продолжи со изведување на преостанатите материјални докази, кои останаа неизведени на минатото рочиште. Станува збор за форензички анализи на мобилни телефони.

Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за убиството на Вања и Панче е во бегство – осомничен е за палење на кафуле

Можете да прочитате

ИЈЗ го објави најновиот ковид-биланс во Македонија

Мицкоски во САД: Преку средби со американски бизнисмени за унапредување на соработката и инвестициите

Кривична пријава против началник во МВР, со службен пиштол нападнал лице и присвоил муниција