Утрински Весник
Македонија

Мицкоски патува во Вашингтон, но само двајца македонски политичари имале официјални средби со американски претседател

Screenshot 20250117 170131 Messenger.jpg

Иако ПР тимот на премиерот Христијан Мицкоски се обидува да го прикаже како дипломатски успех патувањето на премиерот во Вашингтон на инагурацијата на Доналд Трамп, македонската диопломатија помни само две официјални средби на македонски лидери со американски претседател во Белата куќа, а посетата на Мицкоски не е ни блиску.

Како што пишува „Рацин.мк“ само две средби на македонски државници со претседатели на САД се сметаат за официјални.


Едната е онаа на починатиот претседателот Борис Трајковски кој беше примен од американскиот претседател Џорџ Буш помладиот во 2001. Познато е дека тие двајцата беа блиски пријатели и претходно и таа нивна средба како претседатели на две држави во Белата Куќа останува, сега засега, како прва официјална средба на македонски со американски претседател.

Втората, официјална средба е онаа на поранешниот премиер Владо Бучковски, кој беше Овалната соба беше примен во октомври 2005, исто така од Џорџ Буш помладиот.

После Бучковски ниту еден македонски премиер немал средба со претседател на САД во Белата Куќа.

Средби со потпретседатели имале Бранко Црвенковски во 1998 година со Ал Гор, Никола Груевски со Џо Бајден во 2011, а последен во Белата куќа од македонските државници беше Зоран Заев во 2018 година на официјална средба со потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс.

Средба со Џо Бајден како потпретседател на САД имаше и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, а како запаметен ќе остане дипломатскиот гаф на Иванов кој тогаш во изјава за Гласот на Америка рече дека си намигнал со Барак Обама за време на Молитвениот појадок во Белата Куќа што го организираше Бајден.

Можете да прочитате

Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици