Утрински Весник
Македонија

Починатите близначиња биле премрзнати и неухранети – ќе се одземе ли старателството на родителите и на останатите три деца?

20250117093959 Big 730x400 32.webp.webp

Центарот за социјални работи Прилеп досега не постапувал за ризик во семејството во кое вчера две близначиња стари само 20 дена починаа, вели за „Слободен печат“ Иле Тасески од Центарот за социјални работи Прилеп.

Родителите користеле права од социјална заштита односно родителски додаток. Стручните работници според Тасески уште биле на терен. Не потврди и не негираше дека е почната постапка за одземање на родителското право врз другите 3 деца кои ги има фамилијата која живеела во селото Славеј.


Семејството откако виделе дека ситуацијата е сериозна повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало.

Директорот на прилепската болница доктор Кире Јоноски за „Слободен печат“ вели дека ги видел новороденчињата бидејќи бил присутен на реанимацијата и тие биле премрзнати и неухранети.

ЦЈЗ Прилеп ќе има прес-конференција во 12 часот.

Јавен обвинител од ОЈО Прилеп издаде наредба за обдукција на починатите новороденчиња со цел да се утврдат причините за смртта.

Јавниот обвинител го извести Центарот за социјални работи од Прилеп кој врши засилен надзор во семејството и треба да заклучи во однос на евентуални заштитни мерки за останатите три деца, додаваат од обвинителството.

Можете да прочитате

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците и го срози стандардот на граѓаните

Кога ќе се врати од Вашингтон Мицкоски ќе се сретне со УПОЗ

Бугарски медиуми тврдат: ПР компанија, а не Трамп го „поканила“ Мицкоски во Вашингтон