Утрински Весник
Македонија

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат

Mile Lefkov 15.01.2025.jpg

Текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат.

Месец дена СДС бега од суштина, и не сака да се извини за тоа што дозволиле Артан Груби да ја ограбува државата.

Месец дена СДС ја дефокусира јавноста, само за да не треба да и каже како со нивен премиер и министер за внатрешни работи, не знаеле што прави Груби, а не може затоа што точно знаеле и му го дозволиле тоа.

Артан Груби со години непречено ја крадел државата, а за тоа заштита добивал од СДС.

СДС најмалку што може да направат е да излезат и јасно и гласно да се извинат што дозволиле Груби да краде. А потоа и да се понудат за помош на институциите.

Се друго освен директно извинување од СДС е замајување на граѓаните и само покажување дека СДС не се дистанцирале ниту милиметар од Груби и ДУИ.

Можете да прочитате

Владата ги повикува УПОЗ на разговор

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Берово – Струмица

Бугарија ѝ нуди договор на Северна Македонија за граничниот железнички тунел