Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Болката на СДС не е грижа за граѓаните, туку грижа што не можат веќе, како до сега, да крадат

Vmro.webp.webp

Мерките на владата даваат резултати. Над 1000 производи се продаваа со намалена цена.

Помина времето како до сега, кога наместо за граѓаните, СДС единствено се грижеше за богатење на нивната елита.


Болката на СДС не е грижата за граѓаните, нивната грижа единствено е што не можат, како до сега, да крадат.

СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на храната, што доведе и до зголемување на цените на производите.

За разлика од СДС која се грижеше исклучиво за луѓето во своите високи партиски редови, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води грижа за сите и посветено работи за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тоа ќе се постигне со досега преземените мерки за намалување на цените на производите, зголемувањето на платите и пензиите, како и со забрзаниот економски раст.

Откако за шест месеци се запре слободниот пад на економијата, годинава ќе следи забрзан раст преку реализација на капитални инвестиции, зголемување на странските инвестиции, кои лани беа на историски највисоко ниво од околу милијарда евра.

Можете да прочитате

Цените на нафтата над 100 долари за првпат од август 2022 година

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Управата за јавни приходи со зајакнат пристап во управувањето со даночните долгови