Утрински Весник
Скопје

Костовски: Навремено се исчистени сите критични места во Бутел

Image 221933.jpeg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски инфомираше дека уште од рано утринава екипите од зимското одржување се на терен и ги расчистуваат улиците од снег. Костовски посочи дека се исчистиени сите главни и споредни улици во сите населени места во општината.

„Навремено се исчистени сите критични места во општина Бутел како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот.Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките, автобуските постојки и тротоарите. Општина Бутел ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање“, напиша Костовски на социјалните мрежи.


Можете да прочитате

„Генералката“ на Скопје спорна од неколку аспекти

Даме Димитровски избран за нов претседател на Советот на Град Скопје

Мицкоски: За кратко време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје