Утрински Весник
Свет

Салвадорските власти запленија 4,3 тони кокаин на отворено море

20250113084152 Big 730x400 16.webp.webp

Салвадорските власти заплениле 4,3 тони кокаин во рација на четири бродови на отворено море на Тихиот Океан и уапсиле осум Еквадорци и еден Колумбиец, изјави вчера салвадорскиот претседател Наиб Букеле, цитиран од француските медиуми.

-Нашата национална морнарица нанесе историски удар против шверцот со дрога во првите денови на 2025 година, правејќи четири заплени во една мисија на отворено море, рече Букеле.


Запленети се 4,3 тони кокаин во вредност од повеќе од 100 милиони долари, објасни салвадорскиот претседател, опишувајќи ја операцијата како сериозен удар врз организираниот криминал.

Француските медиуми потсетуваат дека салвадорската морнарица често спроведува слични поморски операции.

Земјите од Централна Америка се дел од клучна рута за пласман на дрогата, која доаѓа од Јужна Америка (главно од Колумбија, Еквадор и Перу) и патува до САД, државата која е најголемиот светски потрошувач на кокаин.

Можете да прочитате

200 Албанци биле депортирани од Британија за осум милиони фунти со цел да се модернизираат затворите во Албанија

Детали за бомбашкиот напад во Истанбул- напаѓачите стигнале на мотоцикли (ВИДЕО)

Лекари без граници предупредуваат на епидемија на колера во Судан