Утрински Весник
Спорт

Нестварен пресврт на Денвер во Далас, Индијана ја прекина победничката низа на Кливленд

939f3fee D5e3 41f2 Aa5b Aa79b34bc462.jpg

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа победа на гости кај Далас од 112:101, иако домашните Маверикс имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот.

Ослабениот Далас, кој остана без своите две ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, водеше со 86:67 во осмата минута од третата четвртина. Сепак, до крајот на тој период Нагетс ја намалија негативата на 10 поени (89:79), а за неполни три минути игра во последниот дел од натпреварот целосно ја анулираа предноста на домаќините (91: 91).


Далас го држеше водството до три минути пред крајот, гостите потоа тргнаа во серија од 11:2 до крајот на натпреварот и на крајот остварија убедлива победа. На Никола Јокиќ му недостасуваше уште една асистенција за уште еден трипл-дабл.

Српскиот центар на Нагетс натпреварот го заврши со 19 поени, 18 скока и девет асистенции. Расел Вестбрук додаде 21 поен, 10 скока и седум асистенции, а Џамал Мареј постигна 17 поени во новата победа на Денвер.

Далас го предводеше Клеј Томпсон со 25 поени, додека Наџи Маршал и Спенсер Динвиди постигнаа по 16 поени, а вториот додаде и 10 асистенции.

Водечкиот тим во НБА Кливленд Кавалирс на домашен терен беше поразен од Индијана Пејсерс со 108:93. Пејсерс со шестата последователна победа ја прекина серијата на Кавс од 12 последователни победи.

Кливленд го загубија својот прв натпревар од 8-ми декември минатата година, Кавси сега имаат 33 победи и пет порази, Ендрју Нембхард постигна 19, а Паскал Сијакам додаде 18 поени и девет скока за Индијана. Најдобар стрелец кај Кавси беше Дариус Гарланд со 20 поени. Тој имаше и седум асистенции.

Во Њујорк, домашниот тим Никс убедливо го совлада Милвоки Бакс со 140:106, со што ја прекина нивната серија од три победи. Џејлен Брунсон постигна 44 поени за победниците, а Карл-Ентони Таунс комбинираше 30 поени и 18 скока. Кај гостите Јанис Адетокумбо постигна 24 поени и 13 скока, а Демијан Лилард постигна 22 поени.

Сакраменто Кингс во Чикаго ги совлада Булс со 124:119 и го доби седмиот последователен натпревар. Де’Арон Фокс ги предводеше „кралевите“ со 26 поени, додека Домантас Сабонис имаше 22 поени, 16 скока и осум асистенции. Зак Лавин беше најдобар играч на Чикаго со 36 поени и 10 скока.

НБА лига, резултати:

Далас Маверикс – Денвер Нагетс 101:112
Њујорк Никс – Милвоки Бакс 140:106
Чикаго Булс – Сакраменто Кингс 119:124
Вашингтон Визардс – Оклахома Сити Тандер 95:136
Орландо Меџик – Филаделфија 76ерс 104:99
Кливленд Кавалирс – Индијана Пејсерс 93:108
Бостон Селтикс – Њу Орлеанс Пеликанс 120:119
Јута Џез – Бруклин Нетс 112:111
Феникс Санс – Шарлот Хорнетс 1201:113

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина