Утрински Весник
Македонија

Заледен автопат кај Миравци – товарните возила пренасочени на стар пат

Img 1250.gif

Од АМСМ известуваат дека од 08:50 часот, поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај селото Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Претходно беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини на следните патни правци:


• Крива Паланка – граничен премин Деве Баир,

• Гостивар – Маврово – Дебар,

• Гостивар – Стража – Кичево,

• Планинските превои Пресека и Плетвар.

АМСМ апелира до сите возачи да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни при управување со возилата. Ова важи посебно за патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Особено ризични делници се:

• Катланово – Велес,

• Маврово – Дебар – Струга,

• Виница – Берово,

• Кочани – Делчево.

Возачите се советуваат да бидат подготвени за зимски услови и да ја проверат состојбата на патиштата пред патување.

Можете да прочитате

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Облаци, ветер и дожд – на планините снег

Касами ја честита победата на Косово, жали за поразот на Албанија, а за мечот на Македонија ниту збор