Утрински Весник
Македонија

Студен бран викендов, носи снег и во Скопје

Image 217562.jpg

Студен бран со дожд и снег, најавува УХМР за наредните денови. Утре кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни.


На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула.

Во Скопје во сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег. Во недела ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка.

Можете да прочитате

Двајца млади скопјани со тврд и остар предмет нападнале маж

Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство 

Почина Коста Балабанов – 24info.mk