Утрински Весник
Македонија

Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови и покрај препораките на Министерството за животна средина

Skopje Zagadenost.webp.webp

Струмица останува меѓу градовите со најзагаден воздух во државата. Државната мерна станица синоќа повторно покажа неколкукратно зголемување на штетините ПМ 10 честички, а веќе неколку дена на сила се и препораките на Министерството за животна средина.

Од таму препорачуваат интензивирање на вонредните инспекциски надзори на инсталициите со А и Б интегрирани еколошки дозволи, зајакнати контроли на градилиштата, техничката исправност на дизел возилата, а препораки има и за реорганизација на работното време. Засилени инспекциски контоли, но и поголема координација меѓу институциите бараат и екологистите.


Според Митко Шопов од Еколошкото друштво Планетум она што недостасува е сериозна стратегија, но и поголема промоција на еколошките горива.

Согоровувањето на био масата, односно огревното дрво и сообраќајот се главните загадувачи на воздухот во Струмица. Ова го покажа мониторингот кој траеше една година, а го направи лабораторијата Амбиком при универзитетот Гоце Делчев од Штип која детектирала уште четири други извори на загадување кои учествуваат со помал процент.

Како одговор на овие предизвици, општината активно реализира повеќе проекти како што се грасификацијата и субвенцијата за приклучок на истата, целосно електрифициран градски превоз, како и изградба на велосипедски патеки. Дополнително, преку проект на УНДП се планира изградба на парк на површина од 13.000 квадратни метри.

Можете да прочитате

Бубевски: Случајот „Онкологија“ е најтежок во моментов, се чека вештачењето од Словенија

Бешлиовска: Итно вработување на медицинските сестри – здравствениот систем е во криза

Во сабота во Неготино протест против сообраќајно насилство