Утрински Весник
Македонија

Со два дрона се трага по последното лице од возилото што вчера падна во Вардар

Whatsapp Image 2025 01 02 At 22.12.55 9288f129.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето, кое го управувало возилото „ауди“ што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче.

Како што соопшти денеска МВР, на 2 јануари 2025 година околу 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат Сарај – село Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар.


Веднаш на местото на настанот биле упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.

Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од скопското село Грчец. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од селото Грчец, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

На местото на несреќата бил извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари